30 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка планира рекордни инвестиции во нафта и гас во 2025-та

Норвешка планира рекордни инвестиции во нафта и гас во 2025-та

Инвестициите во норвешкиот нафтен и гасен сектор ќе ги надминат рекордните нивоа од минатата година, објави „Reuters“, повикувајќи се на анкета на големи компании во индустријата.

Според нив, 269,1 милијарди норвешки круни (26,62 милијарди долари) ќе бидат инвестирани во нафтени и гасни проекти оваа година.

Инвестициите во секторот достигнаа 251,2 милијарди круни во 2024-та година. Во февруари 2025-та година, нафтените компании планираа да инвестираат 253,8 милијарди круни, додаде „Reuters“.

Се очекува средствата да бидат инвестирани во развој на постојните полиња и истражување на нови полиња.

Статистиката покажува дека најниското ниво на инвестиции во норвешкиот нафтен и гасен сектор е забележано во 2017-та година, кога се инвестирани 149 милијарди круни.

Норвешка стана водечки снабдувач на природен гас во Европа од почетокот на војната во Украина. Уделот на норвешкиот гас во вкупниот увоз на ЕУ достигнува речиси една третина, или 91,1 милијарди кубни метри, според статистиката на Европската комисија. Во 2021-ва година, испораките достигнаа 79,5 милијарди кубни метри, но вкупниот увоз беше исто така поголем – 344 милијарди кубни метри, додека сега е речиси 283 милијарди кубни метри.

Испораките се многу поурамнотежени – во 2021-ва година, уделот на Русија во увозот беше 45%.

Гасот во ЕУ се користи претежно за греење (31%), а уделот на индустријата е речиси еднаков на оној на домаќинствата – нешто помалку од 25% од вкупната потрошувачка во заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП