30 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаука во акција: Македонија2025 собра над 250 ученици на Регионалниот Саем за...

Наука во акција: Македонија2025 собра над 250 ученици на Регионалниот Саем за наука во Скопје

Денес, поливалентниот простор на основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопски Аеродром беше преполн со енергија, љубопитност и научна креативност. Регионалниот Саем за наука, организиран во рамки на проектот „Науката и Јас“, собра над 50 ученици-презентери од седум основни училишта (Скопје, н.Драчево, с. Отља – Липково и Кичево). Тие со голема посветеност ги споделија своите научни проекти и експерименти, додека во публиката присуствуваа над 250 основци од училиштето домаќин, но и од неколку училишта од општина Аеродром.

Преку интерактивни презентации и практични експерименти, учениците ги претставија резултатите од својата работа во областа на природните науки – географија, биологија, хемија и физика – инспирирајќи ги своите врсници и поттикнувајќи љубопитност и интерес за науката. Настанот беше дополнително збогатен со демонстрација на научни експерименти од страна на претставници на Џонсон Мети, кои го приближија светот на науката до учениците на интерактивен и инспиративен начин. Со воведни обраќања се обратија претставници на Џонсон Мети, Македонија2025, градоначалникот на општина Аеродром и директорката на училиштето „Љубен Лапе“ од Аеродром.

Саемот за наука е дел од поширокиот проект „Науката и Јас“, кој во изминатите две години опфати над 100 помлади наставници по природни науки од различни училишта и досега вклучи околу 3500 ученици од цела Македонија. Проектот е поддржан од Џонсон Мети програмата за поддршка на заедницата и се реализира во партнерство со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Менторството меѓу наставниците беше клучен сегмент на овогодишната програма – создадени се менторски парови, каде поискусни наставници ги поддржуваа своите помлади колеги во подготовката и реализацијата на наставата, како и во подготовката на учениците за научните саеми. Оваа соработка ја поттикна размената на искуства, знаења и иновативни пристапи во наставата и ја зајакна заедницата на наставници по природни науки.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Настанот уште еднаш ја истакна важноста на заедничката работа помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за подобрување на образованието во Македонија. Заедничките вложувања во научната писменост на младите се клуч за иднината на нашето општество.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

Проектот „Науката и Јас“ продолжува со нови активности и научни авантури. Со задоволство Ве покануваме на следниот Регионален Саем за наука, кој ќе се одржи на 3 јуни 2025 година, со почеток во 12 часот, во поливалентниот простор на ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), default quality

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП