6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААкадемик Ристо Василевски добитник на „Poeta laureaus” и на наградата „Златна лира”

Академик Ристо Василевски добитник на „Poeta laureaus” и на наградата „Златна лира”

rik 33

Добитник на меѓународното признание „Poeta laureaus” и на наградата „Златна лира” на Десеттите Хераклејски поетски свечености – Средби на Медитеранот – е академик Ристо Василевски, поет, есеист, книжевен критичар, антологичар, преведувач и издавач, кој со ист успех твори и на македонски и на српски јазик и претстатвува вистински амбасадор на македонската литература и култура во Србија и надвор од неа.

Василевски е автор на над 300 авторски дела, избори од творештвото на други автори и преводи, пред сè од македонски на српски јазик и обратно, и добитник на повеќе од четириесет мошне значајни домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои се: „Браќа Миладиновци”, Почесното Рациново признание и „Кирил Пејчиновиќ” во Македонија; „Милан Ракиќ”, „Србољуб Митиќ”, „Печат на кнез Лазар”, „Раде Обреновиќ” и многу други во Србија; како и: Малата Нобелова награда во Русија; Големата награда „Никита Станеску”, Европската награда за книжевност и „Балканика” во Романија; Атлант на словенството и Големата награда „Летачко перо” во Бугарија; Големата награда „Григориј Сковороди” во Украина…

Делата на академик Ристо Василевски се преведувани на над триесет светски јазици, поезијата му е застапена во близу двеста антологии на македонската, српската, балканската и светската поезија, а за неговото дело пишувале над триста книжевни критичари, есеисти од земјава и странство.

Василевски е автор на десеттина антологии на македонското поетско творештво, а годинава ги објави антологиите „Од живиот извор – Петнаесет македонски поети” (на македонски и српски јазик, КЗ „Петар Кочиќ” Бања Лука, БиХ) и „Моќни струни” – Антологија на македонското поетско творештво од IX – XXI век („Арка”, Смедерево) која предизвика и предизвикува големо внимание во соседна Србија.

Признанието „Poeta laureaus” и наградата „Златна лира” на академик Ристо Василевски ќе му бидат врачени во рамките на програмата на јубилените Деесетти Хераклејски поетски свечености кои се одржуваат од 19-ти до 20-ти ноември во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП