17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе од печат книгата поезија „Златен пресек“ од Катица Ќулафкова

Излезе од печат книгата поезија „Златен пресек“ од Катица Ќулафкова

ZLATEN-PRESEK

Избор од поезијата на современата македонска писателка Катица Ќулафкова под наслов „Златен пресек“ излезе од печат во едицијата „Хераклеја“ на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

На страниците од ова дело застапени се 60 песни поделени во шест тематски циклуси, во кои се презентираат високите естетски остварувања на познатата авторка. Кон изданието е поместен поговор од универзитескиот професор и писател Владимир Мартиновски.

Катица Ќулавкова (Велес,1951) е автор на стихозбирките: Благовести, Акт, Нашиот согласник, Нова пот, Жедби, Престапни години, Домино, Изгон на злото, Меѓусвет, Слеп агол, Тенок мраз, Кога ни гореше под нозете и Хаику елегии.

Нејзини книги се преведени на англиски, француски, романски, португалски, италијански, хрватски, српски и бугарски јазик. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП