29 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ18 мај сите на Водно – следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE...

18 мај сите на Водно – следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

На 18 мај 2025 година, љубителите на спортот, на природата и на планините повторно ќе се обединат на Водно, каде што по 13-ти пат ќе се одржи најмасовното рекреативно и спортско искачување во регионот, Sparkasse LIFE Прв до врв. Под мотото СИТЕ НА ВОДНО! оваа уникатна спортска манифестација и годинава носи позитивна енергија, многубројни предизвици и незаборавна дружба.

Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат во пет категории: планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, e-bike и Team-building Summit Run. Како и секоја година, стартните позиции ќе бидат две: едната кај Музејот на град Скопје и другата кај ОУ „Кочо Рацин“, а целта ќе биде врвот на Водно.

„Со гордост ја продолжуваме традицијата на ‘Прв до врв’, настан што ја инспирира заедницата и промовира активен и здрав начин на живот. Овој настан не е само спортска трка, туку славење на упорноста, на заедништвото и на љубовта кон природата“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје, главен поддржувач на настанот.

Трките се со различни должини и нивоа на тежина, со што се овозможува учество за професионалци, аматери, спортски клубови и компании, како и за сите љубители на рекреација.

Шпаркасе Банка ќе обезбеди награди за постигнатите рекорди, освежување за учесниците на својот „лаунџ корнер“, а по завршување на трките следува прогласување на најдобрите и музичка забава на врвот, каде што сите учесници и посетители се собираат за Vodno Peak Fest – спортско-забавен пикник со неверојатна атмосфера – музика со диџеј и бенд, експо-зона, вкусна храна, чил & релакс зона и интерактивни активности!

Рокот за пријавување е отворен до 11 мај 2025.

Пријави се на www.prvdovrv.mk и обезбеди си место меѓу илјадници ентузијасти. Овој мај – СИТЕ НА ВОДНО!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП