19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПросветно дело издаде прв звучен буквар на македонски јазик

Просветно дело издаде прв звучен буквар на македонски јазик

zvucna azbuka00

Звучната азбука е најновото издание од Просветно дело. Станува збор за звучна сликовница со која децата, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука. Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата.

По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува.

Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и правилниот изговор и да се откријат интересни факти за поимите кои почнуваат на секоја од буквите од македонската азбука.

Звучниот буквар е ексклузивно издание со кое Просветно дело ја одбележува 70-годишнината од излегувањето на првиот Буквар на македонски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП