27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФранција ќе воведе „право на азил“ за уметнички дела кои се под...

Франција ќе воведе „право на азил“ за уметнички дела кои се под закана од IS

francefrfr

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави во вторникот во UNESCO во Париз дека Франција ќе воведе „право на азил“ за уметнички дела кои се под закана од уништување од Исламската држава (IS).

„Правото на азил важи за луѓето, но и за уметничките дела и за светското културно наследство“, изјави Оланд по повод 70. Општа седница на UNESCO

Францускиот претседател појасни дека таквата одредба ќе биде внесена во закон за слобода на создавањето за кој ќе расправа францускиот парламент.

„Терористичката организација IS издава дозволи за ископување и зема данок на добра кои потоа ќе доспеат на меѓународниот црн пазар преку безцаринските зони кои се упоришта за затајување и перење на пари“, истакна Оланд.

Франција ќе преземе се за да спречи уметничките дела да не паднат во раце на терористите додека се превезуваат и затоа ќе ги „отвори магацините за да културните добра добијат азил во музеите кои сакаат на уметничките дела да им пружат заштита од опасноста“.

Овие мерки се дел од акцискиот план кои на барање на претседателот Оланд ги подготви директорот на  познатиот музеј Лувр, Жан-Лук Мартинез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП