4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБабини лекови за полесно надминување на настинки и вируси

Бабини лекови за полесно надминување на настинки и вируси

nastinka

Ех тие баби, секогаш имаат решение за секој ваш проблем. Спротивно на тоа, фармацевтите ве потикнуваат да не ги слушате бабините совети за здравјето, нормално, тие имаат поголем ќар доколку ги купите нивните производи. Спасете се од досадниот вирус и настинки со помош на овие бабини совети.

1. Топла супа

Пилешка, говедска – каква што сакате, важно е само да не е ладна, бидејќи топлата и солена течност помага при рехидрација и при отстранување на секретот.

2. Мед 

Кај бактериските инфекции тн. гнојни воспаленија на грлото ви е потребна помош од антибиотици бидејќи медот нема толку силни антибактериски средства. Меѓутоа, кај настинките и вирусите медот е ваш главен сојузник.

3. Солена вода

Грлото често ни се суши при настинките и затоа му треба дополнителна доза на хидратација, а најдобриот ефект ќе го постигнете со солената вода.

4. Подигната перница

Спиењето на ниска перница не е пријатно при настинката. Затоа потпрете ја главата со повисока перница и така ќе си го олесните дишењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП