29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДокторите за сендвичи го плашат Mcdonalds

Докторите за сендвичи го плашат Mcdonalds

subways-beats-mcdonalds

За американскиот ланец на ресторани за брза храна „МcDonalds“ моментално најголема грижа им претставува компанијата „Doctor’s associates inc“.

Оваа компанија како сите би помислиле не е медицинска организација, туку компанија која е сопственик на голем ланец на ресторани, меѓу кои се наоѓа и „Subway“ кој напредува со голема брзина и се доближува до бројката од 40.000 ресторани во целиот свет, скоро двојно повеќе во однос на 2003-та година.

Како главни конкуренти на „МcDonalds“ најчесто се сметаат „Burger King“ и „Vendiz“, но „Subway“ е тој кој ја загрижува управата на компанијата, особено поради неговата привлечност од младите генерации.

Според информациите во американските медиуми, „МcDonalds“ го лансираше „Chiken McWrap“, пилешко месо со зеленчук и сос во тортиља, како пандан на производите на „Subway“, се со цел да ги привлече младите кои во потрагата на брзата храна се почесто го одбираат „Subway“.

Иако „МcDonalds“ воведе поздрави менија и салати, младите генерации се почесто обрнуваат внимание на тоа што јадат во однос на постарите луѓе.

Навиките и трендовите во исхраната кај родените по 1980-та година не се новост и тоа не е проблем само за „МcDonalds“.

Кај оваа генерација популарни се „брзите и секојдневните“ ресторани со акцент на квалитетните состојки и со цени во просек нешто поголеми во однос на „МcDonalds“ и „Burger King“.

„Subway“ стана познат по својот долгогодишен портпарол Џерад Фогл кој загубил 111 килограми со помош на диетите од кои најголем дел биле засновани на производите на овој ланец.

Од друга страна „МcDonalds“ се почесто се поврзува со продуцентот Морган Спурлок кој значително се здебелил откако еден месец исклучително се хранел со производите на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП