7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШеф Влатко Огненовски приреди готварско искуство и за повозрасните генерации

Шеф Влатко Огненовски приреди готварско искуство и за повозрасните генерации

IMG_2096

Вчера (11.11.2015) се одржа уште еден настан во рамки на кампањата за здрава храна на познатиот Шеф Огненовски, овојпат во приватната установа за социјална заштита на стари лица „Елисавета“ организирана од страна на Опшина Карпош и Форца Кафе и Ресторан.

20151111_121349

Познатиот и искусен Шеф Огненовски кој презентираше неколку видови оброци ги воодушеви станарите од домот. Оброците беа составени од природни и здрави продукти кои може да се најдат на пордачјето на Република Македонија, Присутните на настанот имаа можност да ја дегустираат храната која беше подготвена, а по нивните лица и коментари можеше да се забележи дека уживаат во свежите и возбудливи вкусови.

20151111_121359

Целта на кампањата е запознавање со модерни техники на готвење на македонски здрави јадења со природни сезонски состојки кои се значајни за човековото здравје, расположение и превенција од различни типови на болести.

20151111_121313

Овој проект е составен дел на националната кампања на Шеф и гастроном Влатко Огненовски за зголемување на свеста за значењето на здравата храна како и обновување на традиционалната македонска кујна.

12231598_1719622271601320_241035298_n

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП