17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 47 долари, тежат поголемите резерви во САД

Цените на нафтата близу 47 долари, тежат поголемите резерви во САД

nafta 83

Цените на нафтaта се лизнаа во средата на меѓународните пазари уште поблиску до нивото од 47 долари за барел, откако податоците од САД повторно покажаа раст на резервите, а аналитичарите констатираа дека американското производство неочекувано е отпорно на ниските цени.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 34 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 47,10 долари. На американскиот пазар, пак, со барел се тргуваше по 59 центи пониска цена, од 43,62 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави дека цената на барел од нејзината референтна кошничка нафта во вторникот изнесувала 42,33 долари, што значи дека била речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите продолжија со надолното движење, откако податоците од Американскиот институт за нафта (API) во вторникот покажаа скок на комерцијалните резерви на сировата нафта изминатата седмица за дури 6,3 милиони барели. Аналитичарите очекувале чувствително поскромен раст, за околу милиони барели.

„Сведоци сме на попрво на плато во американското производство отколку на пад. Во 2016-та очекувам пад, но мислам дека пазарот бара конкретни докази наместо процени, а бројките не го покажуваат. Работите и натаму изгледаат многу неповолно за оние кои се надеваат на закрепнување на цените или го очекуваат“, толкува Мајкл Хсуш од „Deutsche Bank“. Според него, во банката очекуваат вишок во снабдувањето од околу милион барели дневно во првата половина на 2016 година.

Дополнителен тег за нафтените пазари се сигналите за послабата побарувачка во Азија, имајќи го предвид слабеењето на довербата во јапонската индустрија во ноември, трет месец по ред, на најниското ниво во последните две години., покажа во средата анкетата на Reuters. Ваквите показатели го одразуваат стравувањето дека забавувањето на странската побарувачка можеби ја турнала јапонската економија во рецесија. А кинеското индустриско производство според податоците објавени во среда пораснало во октомври за 5,6 отсто во однос на истиот период минатата година, послабо отколку што се очекуваше.

„Слабоста на активностите во глобалниот производствен сектор…, ја притискаат побарувачката на енергија“, се констатира во белешката на „JBC Energy“, во која се додава дека очекуваат значително слабеење на побарувачката следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП