20 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАКнижевна вечер со Лара Миховиловиќ

Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ

lara mihoviliovik

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје во текот на ноември престојува поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.

Во чест на гостинката, на 11-ти ноември, среда, во 20 часот ќе се одржи книжевна вечер, во кафе книжарницата Магор. Лара Миховиловиќ како преведувач од македонски на словенечки јазик, посебно соработува со најмладата генерација македонски поети и книжевници. На книжевната вечер покрај Миховиловиќ ќе настапат и Снежана Стојчевска, Митко Апостолов и Елена Митреска, со свои песни и препеви подготвени од Лара Миховиловиќ на словенечки.

Освен за нејзиното творештво, со авторката ќе поразговараме и за состојбите на книжевната сцена во Словенија, за импресиите од Македонија, како и за нејзините преведувачки планови и претставувањето на македонски автори во Словенија.

Лара Миховиловиќ е родена 1987 година во Љубљана. Студирала на Катедра за хрватски, српски и македонски јазик, на Филозофски факултет во Љубљана. Во 2009-та била на шестмесечна студентска размена на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје каде што го изучувала и усовршувала македонскиот јазик и се занимавала со македонската книжевност и култура. Во 2011-та учествувала на меѓународната конференција Новиот имиџ на Балканот. Во 2013-та учествувала на меѓународниот книжевен фестивал „Лирикон“ во Велење со избрани преводи на Катица Ќулавкова. Преведената поезија била објавена и во списанието Балкан Експрес од Загреб и во студентско списание Славко од Љубљана. Во 2014-та преведе избрани песни на Снежана Стојчевска и Ана Голејшка со кои се запознала на поетски фестивал Младе Риме во Љубљана. Во 2014-та почнува да работи како професорка по македонски јазик во школа за странски јазици, но освен тоа работи и во градинка каде што децата од Македонија ги подучува словенечки јазик. Преведува од хрватски, српски и македонски јазик на словенечки и од словенечки на хрватски јазик. Пишува поезија и кратки раскази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП