19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе од печат романот „Часови на радоста – Авантурите на Маца Аксентијевиќ“...

Излезе од печат романот „Часови на радоста – Авантурите на Маца Аксентијевиќ“ од Владан Матијевиќ

часови

Романот „Часови на радоста – Авантурите на Маца Аксентијевиќ“ на српскиот писател Владан Матијевиќ, во превод од српски јазик на Ленче Тосева, неодамна излезе од печат, во издание на „Македоника литера“ од Скопје.

Ова дело на Матијевиќ, најнаградуваниот српски писател во 21 век, е лирски еротски роман – актуелен европски бестселер. Часови на радоста или Авантурите на Маца Аксентијевиќ е краток, двосмислен, провокативен витешки роман кој ги опишува љубовните и сексуалните подвизи на главниот лик Маца Аксентијевиќ. Со него Владан Матијевиќ уште еднаш ја потврдува својата репутација на „мајстор на шокантното раскажување“.

Овој роман е преведен на француски (четири изданија), шпански, италијански и на германски јазик. Секаде наидува на големо внимание и популарност, а критиката го оценува како „необично дело со брилијантни рефлексии за животот, љубовта и оргазмот.“

Преводот на ова дело на најдобар прием наиде во Франција, каде што имаше високи оценки и од критиката и од читателите, но имаше одлични одгласи и во весниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП