25 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКанческа-Милеска во Рим разговорaше за продлабочување на културните врски со Италија

Канческа-Милеска во Рим разговорaше за продлабочување на културните врски со Италија

kancevska-rim

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во рамките на дводневната официјална посета на Италија и Ватикан, во понеделникот во Рим разговараше со својот италијански колега Дарио Франческини, при што беше разгледана досегашната соработка во областа на културата и разгледувани идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји.

Двајцата министри за култура оценија дека Македонија и талија имаат одлични односи во областа на културата, со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји, известуваат од кабинетот на Канческа-Милевска.

Во таа насока, веќе е извесно дека наскоро ќе биде потпишана и новата, четврта по ред Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката, како и посебен Меморандум за соработка меѓу министерствата за култура на двете земји преку кој ќе се конкретизираат активностите кои ќе се реализираат во наредниот период.

Канческа-Милевска го изрази своето задоволство од соработката во областа на заштитата на културното наследство, како и од реализацијата на обуката која со поддршка на УНЕСКО и на италијанската влада беше наменета за претставниците на македонската полиција, Царинската управа, Управата за заштита на културното наследство и други органи од Република Македонија кои се занимаваат со проблематика на сузбивање нанедозволена трговија со културното наследство.

Италијанскиот министер за култура Франческини изразил подготвеност и во 2016 година, екпертите од Македонија да бидат вкучени во ваквиот вид обуки од областа на културното наследство, но и обуки од други сегменти на културата преку кои стручните лица од нашата земја ќе имаат можност да разменат искуства со колегите од Италија.

На средбата министеркате го запознала домаќинот и со вложувањата на македонската влада во областа на археологијата и заштитата на културното наследство и во тој контекст својот италијански колега го запозна со македонското учество на 14-то издание на Медитеранската берза за археолошки туризам во Салерно, престижната меѓународна манифестација која се одржа од 29-ти октомври до 1-ви ноември.

Од своја страна, Франческини се заложил во наредиот период, експерти од областа на заштитата на културното наследство да ја посетат Република Македонија и да ги споделат своите искуства и знаења со своите колеги од нашата земја.

„Двајцата министри за култура го изразија своето задоволство и од соработката меѓу двете земји во областа на аудио-визуелната дејност, во чии рамки годинава беше потпишан и Договор за развој на копродукциски проекти. На средбата беше истакната и важноста на реализацијата на филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони“, кој има исклучително значање за подигнувањето на свеста кај младите за филмската уметост, како и заедничкото кофинанисирање на филмските проекти „Исток Запад Исток“ и „Банат“ во режија на Адријано Валерио“, соопштија од министерството за култура.

Министрите за култура договориле добрата соработка во областа на филмската дејност да продложи и во наредниот период кога ќе се обезбедат средства за нови копродукциуски проекти.
На средбата станало збор и за конкурсот за странски издавачки куќи, како и за преводот на книгата „Резервен живот“ од македонската авторка Лидија Димковска на италијански јазик, на што од италијанска страна е изразена желба во наредиот период што повеќе издавачки куќи од Италија да се запознаат со оваа мерка, како и повеќе дела од македонски автори да се преведат на италијански јазик со што читателската јавност во оваа земја ќе има можност да се запознае со македонската литература.

На средбата била дискутирана и заедничката соработката во областа на ликовната дејност, во чии рамки покрај многубројната размена на проекти, Македонија традиционално учествува на најзначајната манифестација од областа на уметноста и архитектурата, Венциското биенале.

На средбата, како што се известува, која минала во исклучително пријатна и срдечна атмосфера и на која присуствуваше и македонскиот амбасадор во Италија, Оливер Шамбевски, е заклучено дека добрата соработка во областа на културата која ја негуваат двете земји, ќе продложи и во наредниот период.

Претходбно во понеделникот министерката за култура Канческа–Милевска, во рамките на присуствуваше на церемонијата на поставување плоча во чест на Свети Кирил и Методиј во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, настан кој е историски чин преку кој се потврдува почитта на Македонија кон големите сесловенски просветители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП