9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонско друштво ”Илинден”-Тирана со свој претставник на манифестацијата „Тирана чита“

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со свој претставник на манифестацијата „Тирана чита“

tirana cita

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со свој претставник учестуваше на манифестацијата “Тирана чита”.

Тоа е настан во рамки на Меѓународниот фестивал на литература II што се одржа на 29 октомври 2015 година во Тирана на неколку локации низ градот.

Фидана Ќулханџиу како преставник на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана учестуваше со нејзината поезија на македонски и албански јазик. Таа настапи со нејзината творба “Нема како прагот од куќата” пред публиката во книжарницата “Сответна”.

Со оглед на својата платформа Македонско друштво” Илинден”-Тирана учестува на бројни настани и културни случувања во Албанија и Македонија. Сепак, ова беше прво учество на негови членови на Меѓународен фестивал на литература II. Фестивалот е проект на Институтот за демократија, медиуми и култура од Тирана, а во неговото реализирање соодветна поддршка дадоа и Министерството за култура на Република Албанија, Општина Тирана и други партнери.

Претседателот на  здружението Илинден, Никола Ѓурѓај  за Макфакс  изјави дека македонските интелектуалци во Албанија сè почесто се присутни на културни и други манифестации, каде што ги изнесуваат своите македонски дела во албанската јавност, но и пошироко.

„Ова е можност да се знае повеќе за македонската култура“, изјави Ѓурѓај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП