4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на филмот „Збор“ во кино Милениум

Премиера на филмот „Збор“ во кино Милениум

zbor film

Филмот „Збор“, кој е по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски, премиерно ќе биде прикажан вечерва во киното „Милениум“

Филмот се реализира со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и МРТ, a e во продукција на „СД Продукција“. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сенко Велинов,  Диме Илиев, Игор Стојчески, Ана Стојановска, Ванчо Петрушевски, Илбер Муртези, Гораст Цветковски, Катерина Шехтанска, Роберт Велјановски.

Македонскиот долгометражен игран филм, „Збор“ од 30-ти октомври ќе биде на редовен репертоар во киното „Милениум“, а  од наредната недела ќе биде прикажан и на редовниот репертоар во кината во повеќе градови во Република Македонија.

Филмот ја раскажува приказната за двајца пријатели: Горди – кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа но и да ја обезбеди иднината на неговата ќерка Александра, и Арно – некогашен легионер, човек без вера ни закон. Приказната открива дека Горди баш и не го почитува законот и дека Арно сепак има еден закон – дадениот збор, кој ќе го почитува на свој, крвав, начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП