5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе одржа лондонската претпремиера на најновиот филм за Џејмс Бонд

Се одржа лондонската претпремиера на најновиот филм за Џејмс Бонд

jamesjame

Најславниот шпион во служба на Нејзиното Височество, Џејмс Бонд, се врати на големите екрани со филмот „Spectre“ чија претпремиера се одржа во понеделникот вечерта во Лондон во „Ројал Алберт Хол“, во присуство на членовите на кралското семејство, војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт и принцот Хари.

Ова е 24-ти филм „за тајниот агент 007“ кој е многу фален од критиката под наслов „Spectre“ го режираше Сем Мендес, а ликот на Џејмс Бонд по четврти пат го толкува 47 годишниот Британец Даниел Крег, по „Казино Ројал“ (2006), „Зрно утеха“ (2008) и „Скајфол“ (2012).

Некои од обожавателите на серијалот за Џејмс Бонд, во надеж дека ќе успеат да дојдат до автограми од актерите ги заземаа своите места во концертната сала уште во саботата.

Во понеделникот вечерта прв на црвениот тепих се појави Даниел Крег, и не ги разочара обожавателите фотографирајќи се со нив и делејќи многубројни автограми. „Нестрплив сум луѓето да го видат филмот. Не сакам да се гледам на платното, но обожувам да го играм Џејмс Бонд“, изјави за медиумите Крег.

Италијанската актерка Моника Белучи, која ја толкува улогата на партнерката на суперагентот, изјави дека е „Неверојатно е да се биде дел од традицијата“. „Тоа е сон кој стана стварност, не знам дали сум токму Бонд девојка, ја сум само блонд девојка“, изјави Французинката Леа Сејду која го толкува ликот на нејзината соперничка. Улогата на главниот негативец Франц Оберхаузер ја толкува Кристофер Валц сподели со новинарите дека е задоволен по „долгата и напорна работа над филмот“.

Од своја страна, режисерот на филмот Сем Мендес пред проекцијата изјави дека е исполнет со возбуда, бидејќи работата над филмот траеше подолг период. „Навистина сакам на луѓето да го засакаат овој филм, како што ми се допадна мене. Јас сум многу горд на ова дело, напорно работевме над него изминатите две години“, рече Мендес.

Сниман во Англија, Австрија, Мексико и Мароко, „Spetre“ ги собра сите традиционални состојки од филмовите за Џејмс Бонд, цени на бркотници, злосторник мегаломан, сензуални девојки, модерни технолошки уреди и дијалози низ кои провејува хуморот.

Улогата на „М“ кој ја води тајната британска служба MI-6, ја толкува Ралф Фајнес, по смртта на шефицата на Бонд во „Скајфол“ која дотогаш во последните седум филмови ја толкуваше Џуди Денч. Секретарката на „М“ мис Манипени ја толкува Наоуми Харис, а шефот на техничкиот оддел на разузнавањето Кју го игра Бен Вишоу. Насловната музичка тема ја отпеа Сем Смит.

Во снимањето учествуваа холивудските студија „Metro-Goldwyn-Mayer Pictures“ и „Columbia Pictures“. Во приказната Бонд се бори со моќната тајна организација „Спектр“. Епизодата „007:Spectr“ треба да ги заокружи темелите на трилогијата поставени со „007: Координати Скајфол“. Доколку постигне комерцијален успех, трилогијата ќе биде продолжена. Од тој аспект, почетокот на филмот за кој беа потрошени 200 милиони долари е доста успешен, со веќе заработени 1,108 милијарди долари пред премиерата на 6-ти ноември во САД и на други големи кино пазари./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП