27 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАДоделени наградите „23-ти Октомври“

Доделени наградите „23-ти Октомври“

nag oktomvri

Во Собранието беше врачена Државната награда „23-ти Октомври“ за 2015-та година за остварување во областа на културата и уметноста на овогодишните добитници – ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов, на писателот Фејзи Бојку и на музикологот, публицист, новинар и музички критичар Костадин Костадиновски.

Претседателот на Одборот за доделување на државната награда „23-ти Октомври“, академик Вера Битракова-Грозданова, изјави дека оваа престижна награда претставува признание со кое се вреднува придонесот на творештвото на тројцата добитници за нивна лична и за афирмација на сопствената држава.

Од името на тројцата лауреати се обрати Костадиновски, кој истакна дека наградата претставува заокружување на големата валоризација и верификација на нивните творечки дострели во изминатите 4-5 децении.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП