12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте: 5 здрави намирници кои не смеете да им ги давате на...

Внимавајте: 5 здрави намирници кои не смеете да им ги давате на децата

69-honey_2

Балансираната исхрана е клучот за здравјето. Но, понекогаш здравите намирници можат да предизвикаат многу проблеми кај децата бидејќи нивниот организам не може да преработи одредени состојки, а имунитетот им е премногу слаб за да се изборат со некои навидум безопасни нешта…

1. Мед

Децата до две годишна возраст не смеат да јадат мед бидејќи истиот може да содржи од токсинот Clostridium botulinum, кој предизвикува труење познато како ботулизам. Имунитетот на возрасните е способен да се бори против овие нешта, но не и оној на децата, па токму затоа и најдобро е во целост го избегнувате во раните години на вашите најмали.

2. Непастеризирано млеко

Кравјото млеко содржи млечни протеини кои децата до првата година не можат да ги обработат, па токму затоа и не се препорачува воведување на ова млеко во нивната исхрана пред првиот роденден. Исто така, во овој период избегнувајте и домашно млеко кое не поминало низ процесот на пастеризација. Домашното млеко има богат вкус и некои луѓе веруваат дека е подобро од индустриското, но може да содржи бактерии кои можат да предизвикаат дигестивни проблеми кај децата.

3. Некои видови риби

Рибата е одличен извор на омега 3 масни киселини и протеини, па токму затоа се препорачува нејзина консумација од најраната возраст. Но, некои видови риби, како туна, сабјарка и скуша можат да содржат значајни траги од жива кои ќе му наштетат на нервниот систем на детето, па затоа и треба да ги тргнете од неговото мени.

4. Цитрусно овошје

Лимон, лимета, грејпфрут и портокал се дел од најздравите плодови за човекот кои се карактеризираат со огромни количини витамин Ц. Но, овие плодови исто така ги одбележува и висока киселост која може да го надразни чувствителниот желудник на детето и да предизвика нафрлање на кожата. Токму затоа се препорачува да се избегнува овој вид храна до првата година.

5. Храна која „надувува“

Брокулата и гравот се дел од намирниците со висок процент хранливи влакна кои го подобруваат варењето на храната, но исто така и предизвикуваат силни гасови. Возрасните лесно ги поднесуваат гасовите, но кај децата тие можат да предизвикаат силни болки во пределот на стомакот, па токму затоа и подобро е да почекате со воведувањето на оваа храна кај најмалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП