22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под притисок поради загриженоста од кинеската побарувачка

Цените на нафтата под притисок поради загриженоста од кинеската побарувачка

cvv

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот паднаа поради загриженоста за економскиот раст во Кина и сигналите дека преголемата глобална понуда го ограничува саудискиот извоз.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испораките во декември падна за 76 центи во однос на затворањето на тргувањето во петокот изнесуваше 49,70 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот според договорите за испораките во ноември се тргуваше по 57 центи пониска цена, од 46,69 долари.

Одвоени, Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) во понеделникот објави дека цената на барелот на нејзината референтна кошничка нафта во петокот изнесувала 45,71 долари, односно пораснала за 66 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот.

Расположението на пазарите ги задуши податокот дека кинеската економија и во третиот квартал од годинава остварила раст кој е најслаб во последните шест години. Одделените податоци покажуваат и дека кинеската побарувачка на нафта благо паднала во септември, што значи дека нејзиниот раст на годишно ниво заостанува зад прогнозите на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Дополнително вложувачите беа нерасположени и од податокот дека Саудиска Арабија, најголемата светска извозничка на нафта, во август испорачувала 278.000 барели сирова нафта дневно помалку отколку во август, што наведува на заклучокот дека побарувачката на саудиска нафта паѓа поради нејзиното тврдокорно прекумерно снабдување на светскиот пазар,чија цел е заштита на пазарниот удел.

„Цените се притиснати од податоците за кинескиот бруто домашен производ (БДП) и зголемувањето на саудиските резерви поради намалување на извозот на сировата нафта“, заклучува Тамас Варга од лондонската брокерска куќа „PVM Oil Associates“.

Инвеститорите, исто така, ги следат постапките за укинување на санкциите за Иран, што на оваа земја која има големи резерви од нафта ќе ѝ овозможи да го обнови производството и извозот во западните земји. САД и ЕУ во неделата навечер ги преземаа официјалните правни чекори во насока на укинувањето на санкциите за Иран, откако Техеран ќе ги исполни условите од договорот за намалување на неговата контроверзна нуклеарна енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП