2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХерта Милер и Том Стопард добитници на наградата „Табернакул“

Херта Милер и Том Стопард добитници на наградата „Табернакул“

книги-knigi

На овогодишните добитници на Меѓународната книжевна награда „Табернакул“, Херта Милер и Том Стопард, наградите ќе им бидат врачени денес, во 11 часот, во фоајето на Македонскиот народен театар (нов објект).

Херта Милер (1953) е германска писателка, добитничка на Нобеловата награда за книжевност во 2009 година. Родена во Романија, работела како преведувач, а со пишување почнала уште во младоста.

Пишува романи, раскази, поезија и есеи. Нејзините дела се преведени на повеќе од дваесет јазици.

Том Стопард (1937) е британски драмски писател. Од 1997 е носител на титула витез што ја доделува британската кралица. Роден во Чехословачка, за време на нацистичката окупација пребегнал и по Втората светска војна се преселил во Велика Британија, откако поминал три години во интернат во Индија. Работел како новинар и како театарски критичар. Автор е на повеќе култни драми, меѓу кои е „Розенкранц и Гилденстерн се мртви” поставена на сцената на Драмскиот театар во Скопје, како и на сценариото за филмот „Вљубениот Шекспир”.

По повод наградата „Табернакул“ ги издаде следниве четири книги: романот Патничка на една нога и книгата есеи Секогаш истиот снег и секогаш истиот чичко од Херта Милер, како и трилогијата Брегот на Утопија и трите драми Аркадија, Рокенрол и Тежок проблем (во една книга).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП