21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафта благо паднаа, прекумерното снабдување се очекува и во 2016-та

Цените на нафта благо паднаа, прекумерното снабдување се очекува и во 2016-та

nafta 35

Цените на нафтата благо паднаа во вторникот на меѓународните пазари, откако Меѓународната агенција за енергија (IEA) прогнозираше дека прекумерното снабдување ќе продолжи и во следната година, имајќи го предвид забавувањето на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување во вторникот беше во минус од 30 центи во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 49.56 долари. Во САД со барел нафта се тргуваше по речиси непроменета цена од претходниот ден, од 46,90 долари. Одвоено Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барел референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 47,97 долари, што значи дека била 82 центи пониска од претходниот трговски ден.

Во фокусот на пазарите во вторникот беше прогнозата на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека светскиот пазар на нафта ќе биде прекумерно снабдувано уште најмалку една година, и покрај намалувањето на производството во земјите коишто не се членки на OPEC. Во советодавната агенција за енергија при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD) проценуваат дека побарувачката на побарувачката во следната 2016 година ќе расте за 1,21 милиони барели дневно, што е за 150.000 барели дневно помалку отколку што прогнозираа во септември.

„Имајќи го предвид прогнозираното изразено забавување на растот на побарувачката во следната година и очекуваниот прилив дополнителни барели од Иран, доколку меѓународните санкции бидат ублажени, пазарот веројатно и следната година ќе биде прекумерно снабден“, констатираат во IEA во редовниот месечен извештај.

Таа процена го потисна во втор план очекуваното намалување на производство во земјите надвор од OPEC за речиси 500.000 барели дневно, имајќи предвид на забавувањето на дупчењата во САД и запирањето на проектите за добивање нафта од шкрилци и проектите во другите земји.

„Добар знак во извештајот на IEA е што е намалена процената за снабдување од земјите надвор од OPEC“, констатира во анкетата на Reuters Доминик Хејвуд од „Energy Aspects“. Според него, тоа значи дека стратегијата на Саудиска Арабија која пазарниот удел го брани со задржување на производството на рекордно ниво и покрај падот на цените и со тоа да ги истисне од пазарот произведувачите со повисоки трошоци, особено во САД, почнува да ги носи посакуваните резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП