6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОколу 1.300 гости на Октоберфест во Скопје

Околу 1.300 гости на Октоберфест во Скопје

oktoberfest-skopje

Близу 1.300 гости во четвртокот вечерта уживаа во четвртокот вечерта во Скопје под огромните шатори декорирани во сино бели бои, боите на Октоберфест и Баварија.

Во вистинска Октоберфест атмосфера, откога германската амбасадорка, Кристине Алтхаусер и директорот на Германската стопанска комора во РМ, Мартин Кнап на традиционалниот начин на кој се отвора и Октоберфест во Минхен, со дрвен чекан го скршија чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О’zapft is“ (тапата е отворена) – започна и прославата на 9. Октоберфест во Скопје.

Гостите прославуваа во вистинска опуштена Октоберфест атмосфера, уживаа во бели и црвени колбаси, печено пиле, свинска коленица, припремени на традиционалниот баварски начин. Оваа година гостите наздравуваа со Скопско, Златен Даб, Ердингер и со вкусните вина на Тиквеш, а за доброто расположение се погрижија два бенда.

Настанот го отвори бендот „План Г“, додека во втората половина од вчерашниот настан настапи неповторливата Нина Јанева која со својот вокал натера илјада гости да танцуваат до доцните вечерни часови. За добриот сервис кон расположените гости се погрижи цел тим од прекрасни девојки облечени во автентични баварски носии.

На овогодишниот Октоберфест на Македонско- Германското стопанско здружение во Скопје, главен спонзор беше М КАР, официјален застапник за BMW во Македонија, кој на гостите им ги претстави најновите модели на BMW!

„Октоберфест, кој традиционално во Скопје го организираат Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија, им пружи несекојдневна можност на преку 250 компании и на нивните вработени, клиенти и деловни партнери, но и на голем број значајни личности од стопанството и дипломатскиот кор во Македонија да уживаат во автентична Октоберфест-забава“, рече Мартин Кнап, директор на Германската стопанска комора во РМ.

„Организацијата на Октоберфест во Скопје прерасна во традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу нашите две земји,“ изјави Кристине Алтхаусер, германската амбасадорка во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП