29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекларен го потврди Батон за наредната сезона

Мекларен го потврди Батон за наредната сезона

Jenson-Button--009

Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година Џенсон Батон и наредната сезона ќе вози во Мекларен, објави британскиот тим. Батон изминатиот месец беше во центарот на вниманието откако најави заминување од тимот, на што во неделата реагираше првиот човек на тимот Рон Денис, кој во Сингапур изјави дека Британецот ќе биде дел од Мекларен и во наредната сезона.

„Многу размислував во изминатиот период за мојата иднина и не е тајна дека имав две опции. Сепак јас сум веќе шест години во Мекларен имав можност добро да го запознам Рон Денис. Имавме разговори изминатите недели и ми стана јасно дека тој е решен да го извлече тимот од проблемите во кои се наоѓа. Уверен сум дека можеме да продолжиме заедно. Вистина е дека оваа година е многу тешка за тимот, но знаеме што треба да направиме во иднина“, рекол Батон.

Џенсон Батон во моментов е највозрасниот возач во шампионатот на Формула 1, а наредната сезона ќе стане првиот возач по Михаел Шумахер и Рубенс Барикело кој ја надминал границата од 300 извозени трки во кариерата.

Британецот досега има забележано 15 победи, а вкупно 50 пати завршувал меѓу најдобрите тројца и освоил осум пол позиции.

Годинешниот шампионат во Формула 1 продолжува на 12.октомври со трката за ГН на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП