2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочна снимањето на играниот филм „Тајната состојка“

Почна снимањето на играниот филм „Тајната состојка“

tajnata-sostojka

Во депото на Македонски железници во Скопје, во среда, почна снимањето на долгометражниот игран филм „Тајната состојка“ по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески.

Трагикомичната приказна за еден млад човек кој сака да му помогне на својот татко ќе се снима во следниве шест недели на повеќе локации во Скопје – депото на Железница, кампот на езерото Треска, стан во населбата Автокоманда, Луна Парк итн.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Симо Бранов, костимограф Раде Василев, а композитор Бранислав Николов.
Продуценти на филмот се Емилија Чочкова и Ѓорче Ставрески.

Филмот „Тајната состојка“ е во продукција на „Фрагмент филм“ и веќе во фазата на развој освои повеќе домашни и меѓународни награди: номинација за VFF Highlight Pitch Award на филмскиот фестивал во Берлин, EAVE награда на фестивалот во Трст и најдобро сценарио во Скрипт корнер програмата на фестивалот „Браќа Манаки“во Битола.

„Тајната состојка“е дебитантско долгометражно остварување на Ставрески и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП