13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХуманитарен концерт по повод Денот на срцето

Хуманитарен концерт по повод Денот на срцето

skolka park 333

По повод Денот на срцето, денеска, ќе се одржи хуманитарен концерт, на Школката во Градски парк Скопје со групата „The Walkers” која неодамна дебитираше на „Охрид фест“ со песната „Јас и ти“, но и други изведувачи.

Ќе бидат поставени штандови со пијалок, храна, ракотворби изработени од децата, кои ќе се продаваат.

Собраните средства ќе бидат донирани во СОС Детско село. „Малите дела се носители на големите промени“ е мотото на организаторот кој повикува на собирање на средства да им се обезбеди подобри услови за живеење на децата од СОС Детско село.

Доколку некој сака да ја подржи оваа хумана акција, освен со присуство на концертот, тоа може да го направи со донирање на следната ж-ска 300000003819702.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП