24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБела ноќ следната сабота во Скопје

Бела ноќ следната сабота во Скопје

бела-нок

Годинешното 11-то издание на манифестацијата Бела ноќ ќе се оддржи на 3 октомври низ градот Скопје.

И годинава, како и минатите десет изданија, безброј изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино Милениум… и мултимедијален спектакл.

На плоштадот „Пела“, (со затворена улица пред Собранието на Р.М, од 19 до полноќ, во име на уметноста) – спектакуларниот мултимедијален колектив The stroj! Силни ритмови, индустриски звук, уникатен аудиовизуелен перформанс.

Пред спектаклот на The stroj, скопската публика ќе ја загреат The protagonist.

Отворени тематски изложби во речиси сите галерии низ градот, огромна изложба во Музејот на Македонија насловена „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“ дополнета со настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Концерт на струшките легенди од осумдесетите „Тело наука совршена“ на платото пред МКЦ, заедно со Палиндром, Милко, Фуснота и гостите од Тирана Tajcido, уметничкиот перформанс „Времено 52’ “ на Антони Мазневски…

Планиран е 24-часовен бесплатен филмски маратон во Градско Кино Милениум, бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и многу настани на секој агол низ градот, за да се слави уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП