7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛесно без губење време до здрава и традиционална македонска зимница

Лесно без губење време до здрава и традиционална македонска зимница

aab

Одамна помина времето кога сите имавме слободно време за губење и за правење зимница. Брзиот начин на живот и исполнетото секојдневие направија во студените месеци да останеме без традиционалната македонска зимница.

Сепак, ова отсега нема да биде проблем бидејќи од 1-ви од 4-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд 2015.

Продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека вие и вашето семејство можете лесно да се снабдите со зимница од исклучиво природни состојки. На „Агрофуд 2015“ меѓу многуте исложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДИЕМ-ГП, Випро, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Минерална вода Суна…

Она што е новитет за оваа година се органските производи кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители. Од четврток, 1-ви октомври ќе можете да ги погледнете штандовите на кои ќе бидат презентирани исклучиво производи од органско потекло како оригано, медицински билки, аронија и други органски растенија и билки“, изјави Проект манаџерот на Скопски Саем, Магдалена Хамбова.

На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.

Она што е инересно за споменување е дека Афрофуд 2015, кој всушност е настан кој во ново руво, преку поблизок и помодерен пристап, ќе ја најави есента со најдоброто од Македонија ќе има бесплатен влез.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП