4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСЗО: Дебелината, алкохолот и цигарите земаат данок во Европа

СЗО: Дебелината, алкохолот и цигарите земаат данок во Европа

debelina 3003

Алармантно високите нивоа на прекумерна телесна тежина, алкохолизмот и пушењето и натаму предизвикуваат премногу случаи на предвремена смрт во Европа, и покрај големите достигнувања во јавното здравство и зголемувањето на очекуваната животна возраст, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот европски огранок на СЗО брои 53 членки, вклучително и Русија, Израел и некои средноазиски земји, и во нив е остварен напредок во настојувањата до 2020 година да се преполови сегашната стапка на прерана смрт. Целата е во регионот број на смртни случаи од кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес и хронични заболувања на дишните патишта да се намалува за 1,5 отсто на годишно ниво.

„Иако регионот е на патот тоа да го оствари, нивото на консумирање алкохол и цигари, како и бројот на дебели луѓе, коишто се најголемите ризици за предвремената смрт, и натаму е алармантно високо“, се истакнува во соопштението на СЗО.

Европа на ново на регион има највисоко ниво на консумирање на алкохол и тутун, и е веднаш зад Америка според стапката на дебели и луѓе со прекумерна тежина. Во европскиот регион луѓето консумираат во просек 11 литри чист алкохол годишно, додека 59 отсто се класифицирани со прекумерна тежина и 30 отсто чии бели дробови се затруени со чад од цигари.

Андора, Турција, Малта, Чешка, Полска, Израел и Велика Британија се земјите се најголемите стапки возрасни лица со прекумерна тежина.

Очекуваниот животен век за жените варира од 69,8 години во Туркменистан до 85,4 години во Франција, а за мажите од 62,4 години, исто така, во Туркменистан, до 84,1 година во Израел и Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП