3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИФФК „Браќа Манаки“: Премиерно прикажан филмот „Банат“ на Адријано Валерио

ИФФК „Браќа Манаки“: Премиерно прикажан филмот „Банат“ на Адријано Валерио

valerio 333

Италијанскиот режисер Адријано Валерио на прес-конференција го претстави својот филм првенец „Банат“, кој синоќа доживеа македонска премиера во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“.

Филмот е копродукција помеѓу повеќе земји, меѓу кои е и Македонија. Беше прикажан во програмата „Нов европски филм“, поддржана од Европската Унија.

Светската премиера му се случи на фестивалот во Венеција, во програмата „Недела на критиката“, а после Битола ќе следува Интернационалниот филмски фестивал во Пусан, кој важи за мека на филмските фестивали во источниот свет. Филмот во октомври ќе учествува и на Варшавскиот филмски фестивал од А-категорија.

Директорот на фестивалот Димитар Николов го поздрави режисерот Валерио и истакна дека Македонија стекнала голем пријател.

„Особено ми е драго дека го имаме Адријано Валерио и со самото тоа што реши да снима во Македонија, ни стана пријател. За нас е особена чест што тој во голема мера искористи локации во Македонија за овој прекрасен филм, се надевам дека ќе имаме можност да соработуваме со него и во иднина. Тој лесно се справува со приказната и му честитам. Би сакал да имаме што повеќе такви филмови кои промовираат нова иднина на европско кино. Среќен сум што можам како директор на таков реномиран фестивал, да учествувам во промоцијата на вакви филмови“, рече Николов.

Делот снимен во Македонија во голем дел ја дефинира атмосферата во филмот. Овој филм беше прва продукција работена според новите закони, што треба да придонесе за подобар развој на продукциите во земјава. Ова е прва копродукција помеѓу Македонија  и Италија, истакна селекторот на „Нов европски филм“, Дејан Трајкоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП