28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБатон се повлекува од Формула 1?

Батон се повлекува од Формула 1?

baton 333

Возачот на Мекларен, Џенсон Батон ќе стави крај на својата кариера во Формула 1 по завршувањето на сезоната, пренесуваат британските медиуми. Според истите извори по трката за ГН на Сингапур, Батон имал долг разговор со претседателот на тимот, Рон Денис, по кој ја донел одлуката да се повлече од Формула 1 на крајот од сезоната.

Daily Mail пишува дека следниот викенд, кога се вози ГН на Јапонија, Батон ќе ја соопшти својата одлука.

Како можен наследник на Батон во Мекларен медиумите го гледаат минатогодишниот возач на овој тим Данецот Кевин Магнусен.

Џенсон Батон на 19-годишна возраст ја започна својата кариера во Формула 1, во 2009 година тој стана светски првак. Во кариерата настапил на 278 трки, на кои забележал 15 победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП