12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајните сметки во Швајцарија ќе бидат минато

Тајните сметки во Швајцарија ќе бидат минато

smetki zakon

Кога пред неполни седум дена швајцарскиот парламент со тесно мнозинство ја донесе одлуката за воведување на законски податоци за „Aвтоматска размена на информации (AIA)“ на даночните служби со други држави, на сите им стана јасно дека тајните банкарски сметки „заминуваат во историјата“.

Дебатите и речиси „рововските битки“ на противниците и поборниците на „AIA законот“, со кои Швајцарија активно се вклучува во борбата против затајувачите на данок, а во согласност со одлуките и стандардите „G20“ и „OECD“, беа водени неколку години наназад. На крај, пред самото гласање за „историскиот закон“ на страна на поборниците беа претставниците на банките, лево ориентираните партии и министерката за финансии Евелин Видмар-Шлумф. Противниците на законот, како повеќето лидери на поединечно најголемата партија „SVP“, тврдат дека „државата нема што да бара во сферата на приватноста на граѓаните, а тоа се однесува и на личните финансии“.

Меѓутоа, темелните и прецизни, какви што се Швајцарците во се што прават, со „AIA“ законот ќе  бидат опфатени само странците кои поседуваат тајни сметки во тамошните банки. За т.н. „домашни клиенти“ (државјаните и оние кои поседуваат трајна дозвола за претстој во Конфедерацијата – виза „C“) тајните сметки и натаму постојат.

Експерти укажуваат дека од почетокот на дебатата за „AIA“ законот ќе настанат проблеми како да се усогласат меѓународните норми и стандарди во сферата за борба против затајувачите на данок со домашното законодавство. Од друга страна, за банките тајните сметки никогаш не постоеле. Банките секогаш и за секој клиент поседувале прецизни информации. Друга работа што клиентите можеле да ја имаат се т.н. „нумерички сметки“ па јавноста не можела никогаш да открие за кого станува збор.

Денеска повеќе не е важно дали имате докази дека на нечија сметка се наоѓаат „валкани пари“ (можеби стекнати со криминални работи или затајување на данок), доволно е да постои оправдано соменавање, па таа сметка ќе биде блокирана, а сопственикот ќе биде лишен од слобода. И тоа не важи само во Швајцарија, туку и во повеќето „OECD“ држави.

Со Усвојувањето на овој „AIA“ закон, швајцарските даночни служби добија сугестија „активно и спонтано“ да се вклучат во соработка со колегите од другите држави. Повеќе внимание ќе се посвети не само на „поединечни случаи“ туку и на сомнителните клиенти.

Како пример на „класично перење пари“, експертите го наведуваат во последно време се популарниот трансфер т.н. „донации за хуманитарни организации“. Како функционираат овие модели? Непознат клиент преку системот на кредитни картички прави трансфер на одредена сума на пари на непрофитна или хуманитарна огранизација. Таа потоа 75-80% од примениот капитал натаму го проследува на сметки на Кајманските острови или во Панама.

Моделот функционира во Италија, Велика Британија, Франција. Во Швајцарија не! Зошто?

Во Швајцарија според закон неможе од странство да се изврши уплата кон некоја непрофитабилна или хуманитарна огранизација преку кредитни картички. Уплатата на непрофитабилна или хуманитарна огранизација лоцирана во Швајцарија секогаш мора да се извршува преку „IBAN“ и „SWIFT“ трансфери, при што банките добиваат комплетна информација за уплатувачот на парите. Доколку сумата е поголема од 10 или 20.000 франци, банката на примателот на парите може да му ги блокира средствата додека не истражи за што станува збор.

Банкарите тврдат дека ова се прави со цел да ги заштитат клиентите на банките, па и непрофитабилните или хуманитарни огранизации. Како што тврдат банкарите, трикот е во тоа што оној кој ги проследува парите преку кардитна картичка, всушност го краде примателот на парите.

Како? Банката која ја има издадено кредитната картичка (виза, мастер…) во рок од 5 недели може да побара од банката на примателот на парите, уплатениот износ да се врати назад затоа што „трансферот е извршен по грешка или без знаење на сопственикот на кредитната картичка“. А уплатувачот најчесто бара од примателите на пари, по приемот на т.н. донација поголемиот дел од парите во најбрз можен рок да се префрлат на одредени сметки кои на пример се наоѓаат на Кајманските острови. На тој начин примателот на пари, всушност е ограбен.

Овој модел, тврдат банкарите, денес често се користи за „перење пари“ или кога се ограбуваат кредитните картички на клиенти. Кога истиот ќе забележи дека е ограбен, неговата банка ја блокира картичката, а сите уплати од споменатата картичка бара да се вратат во рок од 48 часа од страна на банката која ги примила парите. Како и да е, примателите на ваквите уплати се најчесто „ограбените страни“.

Oвој „модел“ на однесување на клиентите се фокусира и дава резултати секаде во светот, само не во Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП