28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕми за најдобри серии за ‘Игри на престолите’ и ‘Потпретседателка’

Еми за најдобри серии за ‘Игри на престолите’ и ‘Потпретседателка’

emi 333

Телевизиските серии „Игри на престолите“ и „Потпретседателка“ ги освоија наградите Еми за најдобра драмска односно хумористична серија, додека Џон Хам, Виола Дејвис, Џефри Тембор и Џулија Луј-Драјфус се прогласени за најдобри телевизиски актери.

Џон Хам е прогласен за најдобар актер во драмска серија за улогата на Дон Дрејпер во „Момците од Медисон“, додека наградата за најдобра драмска актерка ја доби Виола Дејвис во серијата „Како да се извлечеш со убиство“.

„Ова е очигледно грешка. Неверојатно и невозможно е јас да стојам тука“, изјави Хам примајќи ја наградата, поздравен со овации од гледалиштето.

Тоа всушност беше и единствената награда годинава за серијата „Момците од Медисон“, којашто досега четири пати беше прогласувана за најдобра.

Освен наградата за најдобра серија, „Игри на престолите“ освои вкупно 12 награди Еми, меѓу кои и оние за сценарио, режија и споредна машка улога која му припадна на Питер Динклејџ за улогата на Тајрон Ланистер.

За најдобра споредна актерка во драмска серија, пак, е прогласена Узо Адуба од „Портокаловото е ново црно“.

По петгодишната доминација на „Модерно семејство“, за најдобра хумористична серија е прогласена „Потпретседателка“, а актерката Џулија Луј-Драјфус за најдобра актерка во комедија за улогата на Селена Мајер.

За најдобар актер во комедија е прогласен Џефри Тембор за улогата во серијата „Транспарент“, додека за најдобри споредни улоги комедија се прогласени Тоне Хејл во „Потпретседателка“ и Алисон Џејни во серијата „Mom“.

За најдобра мини серија е прогласена серијата „Olive Kitteridge“, а Ричард Џенкинс и Френсис Мекдорманд, кои ги толкуваат главните ролји, се најдобрите актер односно актерка во оваа категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП