25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина најпознатиот фудбалски навивач на Бразил

Почина најпознатиот фудбалски навивач на Бразил

fan-brazil

Најпознатиот навивач на фудбалската репрезентација на Бразил, Кловиш Акошта Фернандез, кој стана светски славен во текот на светското првенство во 2014 година, починал во 61-та година од животот.

Како што пренесе интернет страницата на телевизијата Globo, Фернандез починал по тешката деветгодишна борба со ракот. Тој ја бодреше репрезентацијата на својата земја низ целиот свет, следејќи ја и на секој мундијал од 1990 година, но пошироко стана познат на турнирот организиран минатата година во Бразил. На секој меч тој беше најмногу регистриран од камерите кога даваа кадри од бодрењето на публиката.

Сепак, светската слава ја достигна кога камерите го регистрира човекот во години со копија од пехарот во прегратките како плаче за време на полуфиналниот меч кој „селекао“ го загуби од Германија со еден од најтешките порази во својата историја – од 1-7.

Фернандес го призна поразот и пехарот им го предаде на германските навивачи, изјавувајќи дека му е болно да се оддели од „трофејот“, но оти тие го заслужиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП