28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнализа: Континуирано,полека се намалува невработеноста во земјава

Анализа: Континуирано,полека се намалува невработеноста во земјава

rabota

Невработеноста да падне под  22%

Невработеноста во земјава се намали на 26,8 проценти. Проекците на Вадата се до 2018 бројката да биде под 22 проценти. Вицепремиерот Ставрески смета дека најголемиот резултат во 9-те години Владата го постигнала со намалувањето на стапката на невработеност од 38 на 26,8 насто.

„Намалувањето на невработеноста од 38% на 26, 8 проценти што значи за една третина е намалена невработеноста во Македонија. Ова е најдобриот резултат на Владата во последниве 9 години и е резултат на макотрпна работа каде што се спроведени бројни реформи. Со крајна цел, до крајот на 2017-та и почетокот на 2018-та невработеноста да биде под 22%“, најави Ставрески.

 

Се намалува бројот на луѓе кои немаат свое работно место

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од активно население кое брои 956 илјади 174 лица, 699 илјади 578 се вработени, 256 илјади 596 луѓе се без работа. Споредено со претходниот квартал, невработеноста се намалила за половина процентен поен или за 5.500 луѓе, во однос на истиот период од минатата година, бројот на невработени се намалил за над 13 илјади лица. Причините за позитивните трендови не можат да се бараат на едно место- велат ананлитичарите. Се работи за комбинација од неколку фактори кои заеднички ја постигнуваат целта, а тоа се: политиката за привлекување странски инвестиции, подобрување на соработката меѓу странските и домашните компании, евтините кредити за стопанството, активните мерки за намалување на невработеноста, подобрувањето на бизнис – климата. Се работи за цел сет од мерки и политики кои несомнено даваат резултат.

stat

„Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе фактори. Имаме раст на БДП, што значи дека имаме економска активност и во услови на криза, во време кога во Европа и во земјите со кои што Македонија соработува се уште има пострецесиони влијанија. Имаме позитивни движења кои создаваат услови за отворање нови работни места, макроекономска стабилност и мерки кои се насочени кон поттикнување на инвестициите, и домашни и странски инвестиции“ – оценува универзитетскиот професор Јован Пејковски.

 

Домашните компании вработуваат

Активните мерки за самовработување имаат широк опфат, односно се наменети за повеќе категории граѓани. Од нив бенефит имаат и домашните компании.

„Домашните компании  инвестираат и вработуваат, а ги користат и активните мерки за намалување на невработеноста. Од друга страна, странските компании отвораат директни работни места, а и индиректно придонесуваат за зголемување на вработеноста во земјата“ – вели извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Се даваат пари за самовработување, се реализира субвенционирано вработување, се кредитираат компании за отворање работни места, се вршат обуки кај познат работодавач. Само преку проектот „Македонија вработува“ досега се вработени околу 5.300 луѓе, а во проектот учествуваат над 3.500 приватни компании.

„Се случуваат низа нови мерки, полесно се отвораат работни места. Се реализира проектот „Македонија вработува“, како и субвенциите за самовработување. Некои компании добро го искористија ова. За дополнителен напредок е потребно компаниите да размислуваат развојно, да прават систематски план за своите вработени, да воведуваат нови начини за водење бизнис со пониски трошоци и зголемена конкурентност“ – вели првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

Во оние компании кои имаат голем потенцијал за отворање работни места, а кои се пријавиле на огласот на Владата за помош од странски експерти, до крајот на месецов ќе пристигнат консултанти и ќе работат на зголемување на конкурентноста, оптимизирање на трошоците, зголемување на ефиканоста, што на крајот ќе резултира и со отворање нови работни места. Продолжува и кредитната поддршка од Европската инвестициска банка.

 

Странските инвестици – генератор на работни места

Еден од водечките креатори на нови работни места се странските инвестиции. Слободните економски зони се полнат со нови инвеститори, се бара парцела повеќе и во атрактивните индустриски зони, постојните компании го зголемуваат бројот на вработени. Најголемиот странски работодавач, германски „Дрекселмајер“ до крајот на годинава ќе го зголеми бројот на вработени за 500 луѓе, наскоро со работа ќе почнат „Маркард“ и „Капкон“, расте вработеноста во Бунарџик. ММФ во својот последен извештај нотираше дека привлекувањето странски инвестиции дава резултат и дека во следниве две до три години ќе се отворат 30 илјади работни места, што за мала економија како македонската значи навистина многу. Оттука може да се очекува паралелно да продолжи да се намалува невработеноста.

Ова, пак, влијае и на домашните компании. Врските меѓу странските инвеститори и домашните фирми стануваат сè потесни, во производствениот синџир своето место си го најдоа повеќе од 500 македонски претпријатија кои на еден или на друг начин работат за странците. Во периодот од јануари од јули годинава, домашните добавувачи од оваа соработка инкасирале 24 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП