Американскиот претседател Доналд Трамп во среда ги зголеми царините за увоз на бразилски производи од 10 на 50 проценти, што ќе стапи на сила на 1 август!
Американските потрошувачи можат да очекуваат нагло зголемување на цените на основните производи како кафето ако администрацијата на Трамп се држи до планот за воведување царини од 50 проценти на целиот увоз од Бразил, соопштија експерти во оваа област.
Тие забележаа дека предложените увозни тарифи ќе го спречат бразилското кафе да се испорачува во Соединетите Држави, неговиот најголем купец, бидејќи ниту американските пржилници ниту бразилските извозници нема да можат да ја премостат разликата во цените што би произлегла поради новите даноци, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги зголеми царините за увоз на бразилски производи од 10 на 50 проценти, почнувајќи од 1 август, и покрај тоа што САД имаат трговски суфицит од 7,4 милијарди долари со Бразил.
Околу една третина од кафето што се консумира во САД, најголемиот потрошувач на овој пијалок во светот, доаѓа од Бразил.
Јужноамериканската земја испрати 8,14 милиони вреќи од 60 килограми во Соединетите Држави во 2024 година, што е 30 проценти
повеќе отколку во 2023 година, според бразилската група извозници „Cecafe“.
Вишиот брокер за кафе и консултант Мајкл Нуџент рече дека „САД ќе купат кафе од некој друг – Колумбија, Хондурас, Перу,
Виетнам, но не по количината или цената што ја нуди Бразил“.
Од друга страна, не мислам дека би било економски профитабилно да се продава бразилско кафе во САД со царина од 50 проценти – додаде тој.