6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААкција за размена на прочитани книги

Акција за размена на прочитани книги

knigi razmena 333

Акција за размена на прочитани книги, „Размени книга”, ќе се одржи во недела, на 20-ти септември, во организација на  Здружението „Хуманост без граници”.

Во недела, од 11 до 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје ќе се одржи акција на радување, односно акција на размена на прочитани книги.
Размената на прочитани книги подразбира дека оние книги oд нашите домашни библиотеки кои сме ги прочитале еднаш и нема повторно да ги читаме, можеме да ги размениме со книги кои ќе ги донесат другите вљубеници на книги кои ќе ја посетат акцијата.

„За да бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила: никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел“, велат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП