28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина Александар Ѓурчинов, македонски филмски режисер и сценарист

Почина Александар Ѓурчинов, македонски филмски режисер и сценарист

gurcinovski 222

Познатиот македонски филмски режисер и сценарист Александар Ѓурчинов почина во петокот. Ѓурчинов со своето работење остави силна трага во зачетоците на македонската кинематографија.

Добитник е на бројни награди и признанија, но две негови дела ќе останат трајно врежани во историјатот на македонската кинематографија.

Тоа се документарниот филм ВЕСНИЦИ, ВЕСНИЦИ за што е награден со државната награда 11 Октомври (1966).

Попознат за пошироката јавност е играниот филм ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА, за којшто ја добива Бронзената арена за режија на Филмскиот фестивал во Пула, Третата награда за сценарио на фестивалот во Врњачка Бања, потоа Наградата ЦИДАЛЦ (1978), Наградата за најдобар дебитант од весникот „Зум репортер“ (1977) во Пула и други.

Тоа е извонредна филмска приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите оние тешкотии и разочарувања што ги носи со себе животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш.

ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА е инспириран од подвигот на охридската маратонска пливачка Атина Бојаџи која во 1969 го преплива каналот Ла Манш.

Ѓурчинов во 1962 година дипломира уметност во Белград. Долги години се занимаваше со киноаматеризам. Во 1958 година го добива првиот професионален ангажман на филм, како асистент по режија во копродукцискиот филм ДУБРОВСКИ на режисерот Вилијам Дитерле. Ѓурчинов се јавува и како асистент и помошник-режисер на повеќе режисери, меѓу кои е и познатиот француски режисер Кристијан Жак, кај кого работел за време на студискиот престој во Париз.

Долги години Ѓурчинов беше директор на „Македонија филм“ од каде даде сесрден придонес за македонската кинематографија.

Награди: 1966 Награда 11 ОКТОМВРИ / „Весници, весници“ 1977 ФЈИФ Пула, Бронзена арена за режија / „Исправи се Делфина“ 1977 ФФ, Бања Лука,Трета награда за сценарио / „Исправи се Делфина“ 1978 МФФ на спортски филмови, Париз, Награда CIDALC / „Исправи се Делфина“.

Филмографија:

1959: Дубровски (Асистент на режија)

1961: Мирно лето (Асистент на режија)

1961: Солунските атентатори (Асистент на режија)

1964: Кратовско злато (Асистент на режија)

1964: Светлостите во канон заклучени (Асистент на режија)

1964: Средба на солидарноста (Режија, Сценарио)

1965: Весници, весници (Режија)

1966: Мала скопска хроника (Режија, Сценарио)

1967: На охридските извори (Асистент на режија)

1970: Празник (Режија, Сценарио)

1971: Македонски дел од пеколот (Помошник на режија)

1976: Најдолгиот пат (Асистент на режија)

1977: Исправи се Делфина (Режија, Сценарио)

1977: Матуранти (Режија, Сценарио)

1982: Вангел Наумовски (Режија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП