28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Несреќниот“ Де Геа останува уште четири години на „Олд Трафорд“

„Несреќниот“ Де Геа останува уште четири години на „Олд Трафорд“

degen 00

Давид Де Геа потпиша нов четиригодишен договор со Манчестер Јунајтед. Во новиот договор има опција за продолжување на истиот за уште една сезона.

Агентот на фудбалерот Жорже Мендеш беше забележан на базата на Јунајтед во четвртокот, што веднаш ги загреа гласините дека ќе дојде до таква разврска.

Денеска околу пладне, договорот веќе беше реализиран.

Откако трансферот на Де Геа во Реал Мадрид не се случи, па тој се согласи на преговара и брзо се договори со раководството на Манчестер Јунајтед.

„Мило ми е што почнувам ново поглавје во кариерата во Јунајтед. Отсекогаш сум бил среќен да играм со овие големи фудбалери пред нашите фантастични навивачи“, рече Де Геа пред официјалниот сајт на клубот.

„Манчестер Јунајтед е посебен клуб, а „Олд Трафорд“ е совршено место да продолжам да ја развивам својата кариера. Очекувам тешкото за мене лето, веќе да остане зад мојот грб, и да можам да се концентрирам целосно на тренинзите, како и  да ги поддржувам соиграчите“, додаде шпанскиот голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП