6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДевет дела на Енди Ворхол украдени во Лос Анџелес

Девет дела на Енди Ворхол украдени во Лос Анџелес

endi-vorhol

Полицијата во Лос Анџелес е во потрага по крадци кои од канцеларија на компанија во центарот на американскиот мегалополис украле девет дела на познатиот американски уметник Енди Ворхол.

Како што јавува телевизиската станица KTLA во четвртокот вечерта, станува збор за фотографии и графики на свила, со потписи на Ворхол. Вкупната вредноста на исчезнатите дела се проценува на околу 350 илјади американски долари.

Полицијата смета дека делата биле крадени во текот на изминатите три години. Притоа, оригиналите биле заменувани со копии. Грабежот, според локалните медиуми, бил откриен во текот на оваа седмица. Весникот The Los Angles Times не исклучува дека некои од украдените дела на Ворхол веќе биле купени на наддавања.

Сликите на Ворхол во моментов се многу барани меѓу колекционерите, така кон крајот на 2014 година неговото дело „Расни немири’ беше продадено на наддавање на аукциската куќа Christie’s за речиси 63 милиони долари, а сликата „Белата Мерилин” за 41 милион. Уште една негова славна слика, монументалниот „Сребрен судар” во ноември 2013-та беше продадена за 105 милиони долари.

Пролетната сесија на аукција на современата уметност во 2014 година на Sotheby’s ги претстави шесте портрети на Енди Ворхол на кои веќе подостарен со неуредна перика гледа право пред семе во темен пуст простор, станува збор за серија оддела во шест различни нијанси. Според специјалистите за уметноста на Ворхол, уникатната композиција портрети во техниката силкскрин, е направена непосредно пред неговата смрт во 1987 година. Слика на славниот американски уметник „Шест автопортрети” беше продадена за 30 милиони американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП