6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаедничка македонско-бугарска ликовна концепција „Како Јас, а како Ти?“

Заедничка македонско-бугарска ликовна концепција „Како Јас, а како Ти?“

slikarstvo

Во четврток, во КИЦ на Р.Македонија во Софија ќе биде отворена заедничка македонско-бугарска ликовна концепција, со наслов „Како Јас, а како Ти?“.

Со свои творби ќе се претстават три ликовни уметници, Гордана Хаџи-Николова Малашев, скулптор и носител на проектот, Кристина Битракова -графичар и Галина Николова-сликар. Трите уметници се генерациски блиски, комуницираат и соработуваат подолго време, а оваа концепција за прв пат ќе биде презентирана во овој формат, со дела препознатливи за опусот на уметниците.

Изложбата ќе биде отворена од директорот на Центарот, Васко Шутаров, а проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и е дел од јубилејната програма на КИЦ на Р. Македонија во 2015-та година.

Гордана Хаџи-Николова Малашев е родена во Гевгелија, Р. Македонија во 1976 год. Има завршено Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и  Факултет за ликовни уметности, отсек „Вајарство“ во Скопје (2000 год.). Магистер е во областа на вајарството (2003 год.). Член е на ДЛУМ и на уште неколку ликовни здруженија. До сега има реализирано 12 самостојни изложби во Р. Македонија, Русија, Франција и Германија. Има многубројни учества на групни изложби во Р. Македонија и странство.

Галина Николова е родена во Велико Трново, Бугарија во 1976 год. Има завршено Факултет за ликовна уметност на Универзитетот во Велико Трново, на отсекот за сликарство во 2001 годима, а подоцна се здобива со постдипломска квалификација за „Композиција во сликарството“. Во 2007 година брани докторска дисертација на тема: “Стилски карактеристики на арбанашките фрески од крајот на ХVІ до крајот на ХVІІ век”. До сега има реализирано десетици самостојни изложби, учесник е на многубројни групни ликовни манифестации.

Кристина Битракова е родена во Охрид, Р. Македонија во 1976 год. Има завршено Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ и  Факултет за ликовни уметности на отсек „Графика“ во Скопје (2000 год.). Магистер е во областа на графиката (2003 год.). Член е на ДЛУМ. Има учествувано на многубројни групни изложби во Р. Македонија и странство. Реализирала неколку самостојни изложби во Р. Македонија, Бугарија, Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП