6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев

Сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев

nakit-ksenija-kotev

Изложба на сребрен накит од Месечината со потпис на Ксенија Котев ќе биде отворена во среда вечер во 20 часот, во „Радио Бар“ со звуците од миксетата на DJsaurus Maci, во скопско Дебар маало.

Ксенија Котев ја оживува филигранската уметност во нови облици. Со својата страст кон накитот емотивно ја гаи уште од нејзините први чекори, а професионално во инспиративната Италија како дипломиран моден дизајнер на Accademia Italiana и Магистер по Дизајн на Аксесоари – чанти, чевли и накит на Domus Academy.

Својата страст ја посветува во последните моменти на инспирација исклучиво кон дизајнот на накит. Ужива во комбинација на многу материјали, бои, форми и текстури. Прв дизајнер на накит кој креира уникатни парчиња накит од стоматолошки материјали кои се сурови и деликатни за дизајн и обработка.

Сивилото на среброто, неговата моќ и скапоценост ја освојува комплетно во најновата приказна од „КК Дизајн“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП