17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААгенцијата за филм потпиша договор за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија...

Агенцијата за филм потпиша договор за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија и Македонија

филм-агенција

Во средата во рамките на 72-то издание на Меѓународниот филмскиот фестивал Венеција, директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Дарко Башески и генералниот директор на Дирекцијата за филм при италијанското Министерство за културно наследство и туризам, Никола Борели, потпишаа Договор за развој на копродукциски проекти помеѓу Италија и Македонија.

Со потпишување на овој договор двете земји го поттикнуваат заедничкиот интерес за финансисрање на проекти во развој на долгометражни филмови (игран, документарен и анимиран филм) чие сценарио има висок квалитет и комерцијален потенцијатал да ги привлече гледачите од двете земји како и гледачите од остатокот од светот.

Со договорот е дефинирано дека при развој на копродукциски проект меѓу двете земји, продуцентот од домашната земја може да аплицира за поддршка според овој договор. Продуцентите мора да работат во согласност со законодавството на Република Македонија и законските регулативи воспоставени од Агенција за филм како и соодветно со италијанското законодавство и упатствата на Дирекцијата за филм при Министерството за културно наследство и туризам.

Вкупниот буџет за развој на копродукциски проекти помеѓу двете држави е 60 илјади евра на годишно ниво , односно по 30 илјади евра од секоја земја.

Во петок, пак, филмот „Банат’’ во режија на Адриано Валерио ко-продукција помеѓу Италија, Македонија, Романија и Бугарија ќе ја одржи својата официјална премиера.

Филмот „Банат’’ е поддржан како малцинска ко-продукција од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија. Дел од овој филм минатата година во тек на дваесетина дена се снимаше во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП