28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е најнездравата намирница (и нема врска со слатките)

Ова е најнездравата намирница (и нема врска со слатките)

boximage (1)13

Најновите истражувања открија која намирница ја освои титулата „најнездрава“, а нема никаква врска со шеќерот и чоколадото.

Научниците хранеле глувци со храна која содржела 40 проценти масти. Една група глувци добивала заситени масти од кокосово масло, додека другата група била хранета со незаситени масти главно од семето соја. На глувците им биле давани уште два видови на храна богата со масти со додаток на фруктоза.

Најмногу килограми добиле оние кои јаделе храна со сојно масло, 9 процени повеќе отколку глувците кои јаделе масна храна со фруктоза, а дури 25 проценти повеќе од оние кои јаделе масти од кокосовото масло.

Глувците на сојно масло имале замастен црн дроб и развиле поголема резистенција на инсулин, две состојби кои предизвикуваат дијабетес и метаболички синдром. Ова е изненадувачко откритие бидејќи генерално се мисли дека незаситените масни киселини, како оние од сојно масло, се здрави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП