8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре започнува големиот Етно фестивал во Берово

Утре започнува големиот Етно фестивал во Берово

ber etno

Во Берово забрзано се работи на последните подготовки околу шестото издание на еден од препознатливите елементи на општината, Етно плоштад Фестивалот.

Фестивалот ќе започне утре (27-ми август) со свеченото отварање во 12 часот на сцената поставена на плоштадот во Берово каде сите посетители ќе имаат можност да проследат една исклучително богата програма со настап на голем број на препознатливи музички имиња со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, а сепак ќе се запази и препознатливиот идентитет на Етно фестивалот.

Главен настан на фестивалот е балканската звезда Здравко Чолиќ кој, а тука се и настапите на Есма Реџепова, DZIJAN EMIN & THE SSO, Линзи Полак од Австралија, Африкан Битс од Франција, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Eye Cue, Уска Кан, Монистра.

За време на фестивалот, Етно плоштадот во Берово ќе понуди здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово е следната културна дестинација во Македонија во наредните 3 дена од 27-ми до 29-ти август.

ber etno1

Програма:

27-ми август

12:00 ч – Плоштад „Димитар Беровски“

Свечено отварање на фестивалот од страна на градоначалникот Драги Наџински

12.30 ч – Настап на КУД „ Димитар Беровски“

Посета на саем „Малешевијата на дланка“

20:00 ч – Уска Кан

21:00 ч – Есма Реџепова

22.00 ч – Здравко Чолиќ

28-ми август (петок)

13:00 ч – Настап на фолклорни ансамбли од регионот

21:00 ч – Linzy Pollak (Австралија) и Етно Малеш

22:00 ч – DZIJAN EMIN & THE SSO

23:00 ч – Ламбе Алабаковски

24.00 ч- Слаткаристика

29-ти август (сабота)

13:00 ч – Настап на фолклорни ансамбли од регионот

21:00 ч – Malek Quarti & African Beats (Франција)

22:00 ч – Монистра

23:00 ч – Eye Cue

24:00 ч – Тамара Тодевска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП