20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВасил Хаџиманов вечерва настапува во Битола

Васил Хаџиманов вечерва настапува во Битола

hadzimanov 220

Во разновидниот програмскиот концепт на традиционалната културна манифестација Бит фест 2015, денеска во 21 часот на централниот битолски плоштад „Магнолија“, ќе настапи реномираниот музичар од македонско потекло Васил Хаџиманов.

Во изминатава повеќе од деценија и половина, Васил Хаџиманов и неговите музичари неуморно и со голем успех ја свират својата музика на концерти и џез фестивали, ширум Србија, но и во Европа и светот: Belgrade Enter Fest (настап пред Joe Zawinul), Белградски Jazz Fest, Нови сад Jazz Fest, Ниш, Валјево, Крагуевац, Крушевац, Кралјево, Лесковац, Подгорица, Цетиње, Никшиќ, Будва, Котор, Улцињ, Бања Лука, Сараево, Мостар, во Словенија Maribor Lent Fest, Cerkno Jazz Fest, Ново Место, Љубљана, Копер. Во Хрватска Opatija Jazz Fest, Пула, Пореч, Ѓаково, Чаковец, Загреб, Benefit koncert (Берлин – Германија), Porgy and Bess jazz club, Joe’s Birdland, Balkan Fever Fest (Виена – Австрија), Bratislava Jazz Days (Словачка), Polichka Jazz Fest (Чешка), EXPO 2006. Aichi, Nagoya (Јапонија), Jazzycolors Fest (Париз – Франција), Teatro miela-солистички концерт, Трст (Италија), Pecs Jazz Fest, Будимпешта (Унгарија). Во Македонија во Скопје на Skopje Soul and Blues Fest, во Куманово Jazz Fest, Охрид, Кавадарци, Ресен, Битола и повторно вечерва во Битола на Бит фест.

Васил за нивната музика вели дека е fusion/џез музика со силно балканско влијание, објаснувајќи дека имаат слобода да екпериментираат и музицираат без условување, зашто тие не се ниту jazz bend, ниту world, ниту etno, ниту што и да е друго. Васил Хаџиманов настапува и во триото „Свети“ заедно со тапанарот Марко Ѓорѓевиќ и гитаристот Марко Тријиќ. Триото „Свети“ го претставуваат како своевидна „креативна демократија“, во која авторски партиципираат сите членови на групата. Нивниот заеднички израз е емотивно впечатлив, спонтан, допадлив и оригинален.

Манифестациајта Бит фест полека се приближува кон своето финале, во вторник ќе се одржи на Широк сокак и позната „Трка на штикли“, а во среда е концертот на македонската дива Калиопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП