Големата продажба на акции во понеделникот, до крајот на дневното тргување беше именувана како „Great Fall of China“.
Паниката која ја предизвика континуираниот пад на кинеската берза збриша вредности од стотици милијарди долари во индексите на берзата, и на многу големи компании им беше срушена пазарната вредност. Десетици аналитичари и трговци, во понеделникот изјавија дека почнува банкрот, но бројките се уште не покажуваат на најлошо сценарио. Стравот од колапс на кинескиот пазар се уште е многу голем.
Се проценува дека вкупната загуба од девалвацијата на јуанот на 11 Август достигна 5 трилиони долари. Кинеската влада се уште не покажува намера за одлучно спасување на кинеската берза, па инвеститорите сега сметаат дека немаат причина да веруваат дека 9 отстотниот пад на локалната берза нема да продолжи, а исто така ги загрижува и ниската цена на нафтата.
Индексот FTSE 100, кој ги опфаќа стоте компании со најголема пазарната вредност на Лондонската берза, во понеделникот падна за повеќе од 10 отсто, што е најголем последователен пад на вредноста од 2003 година. Компаниите загубија 74 милијарди фунти од вредноста. Во серија на сите мрачни твитови во понеделникот, советникот на министерот за финансии за време на финансиската криза од 2008 година и советник на Гордон Браун, додека тој беше премиер, Демијан Мекбрајд, ги убедуваше луѓето да си ја приберат готовината во сефови, бидејќи доаѓа нешто многу полошо од тогашната криза.
Колку и да се преполнети медиумите и социланите мрежи со застрашувачки најави за трговците и аналитичарите, доминантната порака на инвеститорите од финансиската индустрија е да се смират и да чекаат, бидејќи паника можеби ќе помине. Што се однесува до CNNMoney, во понеделникот вечетрта коментирал економистот Мохамед Ел-Ериан, ако ситуацијата не се влоши, ова може да биде здрава корекција за локалниот пазар, која долго време расте нереално во однос на состојбата на економијата. Што, се разбира, многу полесно е да го прифатите кога немате многу пари во акции.
Во понеделникот, се покажа дека американскиот економски раст не е толку здрав како што се чинеше, ниту пак дека мерките на Владата и ФЕД ќе бидат ефективни како што се очекуваше. Агресивната монетарна политика и евтините пари поради нултата каматна стапка, која се чини дека ФЕД и понатаму нема да ја зголеми, ги насочија вложувањата во акции чии цени се зголемуваат, но немаат планирана ефикасност врз потрошувачката и растот. Натамошниот пад на цената на нафтата, покажува дека растот на производството на САД на 10 милиони барели дневно и одбивањето на ОПЕК да го намали производството за САД за да не го отфрли од пазарот, беа премногу за глобалниот пазар каде што побарувачката полека се опоравува.
Големо внимание во понеделникот привлекоа акциите на водечките американски технолошки компании, особено на Епл, на кој Кина му е втор најголем пазар по големина. Гугл, Фејсбук, Нетфликс, Амазон, Мајкрософт, Твитер, сите паднаа од 5 до 7 отсто, Nasdaq во почетокот на тргувањето падна за повеќе од 9 отсто, но подоцна се врати на 0,4 отсто. Епл во еден момент изгуби 13 отсто, но попладнето закрепна значително подобро од останатите. Се зборува дека клучен бил меилот кој преседателот на управата Томас Кук во право време го испратил до водителот на вестите на финансискиот ТВ канал CNBC. Некои технолошки компании го завршија денот со добивки. На пример, акцијата на GoPro се зголеми за 4,1 отсто, на Yelp за 4,4 отсто, а Skyworks дури 6,7 отсто.