24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев ја обвинува ФИФА дека неговиот глас е пренасочен

Пандев ја обвинува ФИФА дека неговиот глас е пренасочен

1472773_w2

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, изнесе сериозни обвинувања против ФИФА, и рече дека неговиот глас за најдобар тренер за 2012 година кој го дал за Жозе Мурињо бил префрлен на победникот Висенте дел Боске.

По еден ден откако Жозе Мурињо призна зошто не присуствувал на церемонијата на доделување на ,,Златна топка” , Пандев го поддржа неговото тврдење дека изборот за најдобар тренер е наместен.

,,Гласав за Мурињо како капитен на Македонската репрезентација и знам дека некои чудни работи се случувале при пребројувањето на гласовите.Според листата на ФИФА мојот глас завршил за Дел Боске, а јас гласав за Мурињо.Дури и ги побарав да им кажам дека гласав, но за жал чудни работи се случуваат во ФИФА.Тоа и Мурињо го кажа, но ниту тој, ниту јас можеме нешто да промениме”, изјави Пандев за шпанските медиуми.

Неговите зборови и зборовите на Мурињо можат да предизвикаат лавина реакции во јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП