11 мај, 2025
ПочетнаСВЕТЗеленски, Трамп и европските лидери постигнаа договор, му се заканија на Путин...

Зеленски, Трамп и европските лидери постигнаа договор, му се заканија на Путин со масовни санкции

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.

Соопштението го дадоа заеднички лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Полска и Украина по состанокот во Киев, за време на кој разговараа по телефон со Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за ABC, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот. „Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје. „Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.

Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина.“ „Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.

Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ постојано ја отфрла идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.

„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП