2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжен рокот за доставување пријави за запишување во Катастар

Продолжен рокот за доставување пријави за запишување во Катастар

direktor katastar

Од Агенцијата за катастар на недвижности повикуваат сите иматели на инфраструктурни објекти, најдоцна до 24-ти април 2016-та година, до катастарот да достават пријави за запишување, односно евидентирање на 40 отсто од инфраструктурните објекти со кои располагаат, а најдоцна до 24-ти април 2018-та година да достават пријави за запишување, односно евидентирање на преостанатите 60 отсто од инфраструктурните објекти.

Ова е законската обврска на сите, а по предлог на Владата, Собранието го продолжи рокот за имателите на инфраструктурните објекти кои треба да поднесат барање за легализација на нивните инфраструктурни објекти.

„Новиот рок за поднесување барање за легализација на инфраструктурни објекти е 31.12.2015-та година и апелирам до сите иматели на инфраструктурни објекти да ја искористат оваа историска шанса за да ги легализираат своите инфраструктури. Причината за продолжување на рокот за поднесување барања за легализација на инфраструктурните објекти е поради тоа што во моментот на донесување на Законот за легализација на дивите градби не постоеше Катастар на инфраструктурни објекти, па поради тоа голем дел од имателите на инфраструктури немаа поднесено барање за легализација“, рече директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

Пред шест месеци Агенцијата за катастар на недвижности ги овозможи сите правни и технички услови за запишување на сите типови инфраструктурни објекти. Во катастарот на инфраструктурни објекти денес можат да се запишат инфраструктурните објектиод областа на сообраќајната, водоводната, канализационата, електронско комуникациска инфраструктура и друг вид на инфраструктура.

Во моментов според податоците од Министерството за транспорт и врски, вкупно се  поднесени 2.592 барања за легализација на инфраструктурни објекти.

Во изминатите шест месеци во Катастарот се запишаа вкупно 855 инфраструктурни објекти, од кои 80 се водови, односно оптички кабли, бакарни кабли, ски-лифтови и други инфраструктури со вкупна должина од 7.435 км, додека преостанатите 775 се базни станици во сопственост на македонските телекомуникациски оператори.

На барање на инвеститорите, Владата  пред  три дена го усвои предлогот за донесување измени на Законот за Катастар на недвижности, со кои ќе се овозможи секое решение издадено од општините или Министерството за транспорт и врски со кое се одобрува изградба на нова инфраструктурна градба (пример Решение за изградба на оптички кабел ), да биде основ за  предбележување на инфраструктурата во Катастарот.

По предбележувањето, Катастарот ќе издаде Лист за предбележување на инфраструктурниот објект,  со кој инвеститорот ќе може да го заложи пред деловните банки, со цел да добие дополнителни средства за реализација на инвестицијата.

„На овој начин, исто како и кај предбележувањето на згради, очекуваме и предбележувањето на инфраструктурните објекти да придонесе за експанзија на градењето на нови инфраструктури“, рече Трпески.

Со сите овие реформи, Агенцијата за Катастар на недвижности очекува зголемена динамика за запишување на инфраструктурните објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП